Милошоски: Одбивањето на Арифи за амбасадорка е невидена дипломатска бламажа

2 mins read

Одговорот на приоритетни дипломатски центри за недавање агремани Теута Арифи од ДУИ да биде амбасадорка не е само нарушување на репутацијата на кандидатката, туку и на нашата дипломатија и на државата која номинира кандидати кои не поминуваат, вели за „Слободен печат“ Антонијо Милошоски, ексминистер за надворешни работи и претседател на собраниската Комисија за надворешна политика.

– Ако на одбивањето на Теута за амбасадорка во Брисел се надоврзе и претходното одбивање на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, односно од двата најважни дипломатски центри добиваме непријатни вести за имиџот на нашата дипломатија и на целата држава. Консеквенците од тоа нема да останат само за кандидатката, туки и за државата. Во изминативе 30 години не се случило да има ваква дипломатска бламажа – вели Милошоски.

Според неофицијални информации од МНР на кои се повикува Милошоски, предлогот на Арифи за амбасадорското столче во Анкара веројатно требало да биде амортизер поради чувството на нелагодност од одбивањето од Брисел. Претходно за амбасадорка во Вашингтон за Арифи имало усни консултации, но повратно мислење никогаш не било добиено, што се толкува како одбивање. За амбасадорското столче во Брисел пак, Арифи поминала на затворена владина седница, но остана нејасно дали Владата го повлекла предлогот со Арифи или пак, за неа согласност нема од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Потврда дека Арифи била планирана за амбасадорка во Брисел неодамна во изјава за медиумиte даде лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој потврди дека Арифи би била добар предлог за амбасадор во ЕУ во Брисел, со оглед на фактот што е поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи демантира дека за Арифи биле испратени барања за агремани во Вашингтон, Брисел и во Анкара. Тој потврди само дека имало размислување сопартијката да биде амбасадорка во Брисел но дека ни за таму немало формализиран предлог.

Османи: За Теута Арифи никогаш, ама баш никогаш немало агремани за Вашингтон, Брисел и за Анкара

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО+ФОТО | Андреа ја имаше првата проба на евровизиската сцена во Торино

Следно

Осум лица починаа по пиење домашен алкохол во Иран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian