Државното правобранителство на округот Вараждин донесе решение за истрага на 23-годишен млад човек од Северна Македонија, кој неодамна во центарот на Вараждин се обидел да убие едно лице и тешко да повреди четири лица.
Инцидентот се случил на 28 април во 3 часот по полноќ кога македонскиор државјанин со два ножа ги избодел своите врсници на сред улица и им нанесол отворени рани во пределот на стомакот
„Исто така, постои основано сомнение дека во истата прилика на други четири жртви им нанел повеќе убодни рани и расекотини и им нанел телесни повреди“, се вели во обвинението.

На младиот човек му е одредена мерка притвор поради опасност од повторување, опасност од бегство и опасност од несоодветно влијание врз сведоци во истрагата.
На Македонецот ќе му се суди за две кривични дела и може да добие затворска казна до пет години. Младиот човек моментално се наоѓа во истражен затвор.
Извор: Индекс.хр