ЛШ: Никој како Јирген Клоп, испиша историја со Ливерпул

2 mins read

Четири европски финалиња во шест сезони, зарем не е доволно? Ретко кој можеше да помисли дека по поразот во финалето на Лига Европа од Севиља, Јирген Клоп во следните пет години ќе стигне до три финалиња во Лигата на шампионите.

„Црвените“ од Енфилд со вкупен резултат 5:2 го елиминираа Виљареал и се пласираа во ново финале во ЛШ.

Германскиот менаџер Клоп е првиот менаџер во историјата на англискиот фудбал кој во една сезона стигнал до финалето на Лигата на шампионите, Лига Купот и ФА Купот!

Клоп со Ливерпул во сезоната 2015/2016 во финалето на Лига Европа загуби од Севиља (1:3), па претрпе пораз во 2018 во финалето на ЛШ од Реал (3:1), а триумфираше во ЛШ во 2019 година откако во финалето во Мадрид го совлада Тотенхем (2:0).

Ливерпул веќе го освои Лига купот со победата над Челси на пенали, во ФА Купот исто така се бори со „сините“ за трофејот, а во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретне со Реал Мадрид или Манчестер сити.

Не треба да заборавиме дека и Ливерпул може да ја освои Премиер лигата, има бод помалку од Сити на четири кола пред крајот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Бразилска адвокатка ќе ја наследи фудбалската „империја“ на Мино Рајола!

Следно

Денес се празнува светиот свештеномаченик Јануариј

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian