Кинеските власти подготвуваат нови болнички капацитети за пациенти со коронавирус

1 min read

Кинеските власти подготвуваат болнички капацитети во Пекинг во случај на нов бран на епидемија на коронавирусот, иако бројот на новозаразени е сè уште низок.

Државните медиуми денеска објавија дека болницата со 1.000 кревети во Сјаотангшан во североисточното предградие на Пекинг, која е изградена во 2003 година за лекување на лица заразени со САРС, била обновена во случај да се појави нов бран на инфекција на Ковид-19.

Неофицијалните онлајн објави наведуваат дека илјадници кревети се подготвени во карантинскиот центар во близина на аеродромот, но државните медиуми не ја потврдија веста, веројатно во обид да не предизвикаат страв во јавноста.

Во изминатите 24 часа во Пекинг се потврдени уште 62 новозаразени лица, од кои 11 не покажуваат симптоми на инфекција. Во текот на двонеделниот бран од избивањето на епидемијата во главниот град на Кина се евидентирани околу 450 нови случаи.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО: Се чека одлука за колку дена ќе се продолжи рокот за полагање проектна задача

Следно

Видео: Мајмунчето Мики ги учи првите чекори во скопската ЗОО!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian