Измамник од Скопје излажал жена од Штип

1 min read

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.С.(54) од село Стајковци, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“ и „посебни случаи во фалсификување исправи“. Во периодот од август до ноември 2021 година, пријавениот измамил жена од Штип за сума од 90.000 денари.

Тој се претставил дека е сопственик и управител на градежна фирма од Скопје, која во тоа време била избришана од трговскиот регистар, и со неа се договорил да ѝ изврши градежни работи на нејзината куќа. Р.С. земал аванс од 90.000 денари, но не ја завршил договорената работа.

skopjeinfo.mk

Претходно

Бајден: Ќе бидеме подготвени да го заштитиме правото на абортус

Следно

Милановиќ потврди дека ќе стави вето на влезот на Финска во НАТО

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian