Гвардиола потврди: „Граѓаните“ ослабени пред реваншот со „кралевите“

1 min read

Во среда ќе се игра реванш натпреварот од полуфиналето во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер сити со почеток од 21.00 часот на стадионот „Сантјаго Бернабеу“.

Потсетување дека на првиот меч одигран на „Етихад“ двете екипи покажаа фантастичен фудбал исполнет со седум голови, односно триумф на „граѓаните“ од 4:3 против „кралевите“.

Менаџерот Пеп Гвардиола е свесен дека ќе биде тешко на возвратната пресметка, а лоши вести доаѓаат за него бидејќи не може да смета на дефанзивецот Џон Стоунс.

Тоа го потврди шпанскиот стратег на прес конференцијата, а под знак прашалник е и настапот на Кајл Вокер.

На реваншот во составот на Реал ќе го нема Давид Алаба, а после суспензијата се враќа Каземиро.

– Веројатно мораме подобро отколку во првиот натпревар. Но, можеме да играме многу полошо отколку што игравме, па на крајот победуваме. Не можете да негирате дека мојата изјава е точна. Понекогаш добивате она што не го заслужувате. Понекогаш не го добивате она што го заслужувате. Мораме да одиграме неверојатно добро и да победиме на овој натпревар – рече Гвардиола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пахор: Непредвидливоста на Русија е сериозен проблем

Следно

Нема да гласаме за внесување на Бугарите во Уставот, без писмени гаранции дека Софија нема да нѐ блокира во ЕУ, вели Мицкоски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian