Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи

1 min read

Градот Скопје со поддршка се вклучува во спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи што се реализира од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ Скопје.

За активностите и динамиката на реализацијата, денеска разговараа градоначалничката Арсовска со претставници од здружението. – Со реализацијата на овој проект се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на децата со аутизам и АДХД од семејства во ризик и со ниски примања.

Овој третман нуди можност да се подобри квалитетот на живеење на деца со аутизам и АДХД и создавање услови за нивна самостојност, истакна Арсовска на средбата.

Спроведувањето на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи на децата им овозможува индивидуална дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман, велат од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Топлотен бран во Индија, починаа 25 лица

Следно

Милорад Додик станал дедо по седми пат

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian