ФОТО | Војнички ранец падна од небо врз куќа во Неготино

1 min read

Војнички ранец паднал од небото на кров од куќа вчера во Неготино, а се претпоставува дека предметот е ненамерно испуштен од летечки објект. Информацијата ја потврди и МВР кое во кратко соопштение за јавноста го верификуваше инцидентот и информираше дека е нанесена материјална штета која ќе биде надоместена.

– Вчера во ОВР Неготино, 35-годишниот Б.С. од Неготино пријавил дека дел од падобранска опрема паднала на кровот од неговата куќа и оштетила неколку ќерамиди. Извршен бил увид од екипа од ОВР Неготино и бил пронајден еден војнички ранец сопственост на војник од сојузничка армија во состав на Мултинационална вежба „Вежбовни десантни падобрански скокови од авион“ над подрачјето на Неготино. Предметот бил вратен на лицето, а штетата на кровот ке биде надоместена – велат од МВР

Фото : Фејсбук

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Чоколадни стапчиња: Слатки и неодоливи, готови за 30 минути

Следно

Топлотен бран во Индија, починаа 25 лица

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian