ФОТО | Сите погледи вперени во неа: Илон Маск ја прошета својата мајка супермодел на црвениот тепих на Мет Гала

1 min read

Илон Маск пристигна на црвениот тепих на Мет Гала, но не со својата вообичаена придружба…

Откако се раздели со Грејмс, Илон (50) како „плус еден“ гостин ја донесе својата мајка, супермоделот Меј Маск.

По купувањето на Твитер за 44 милијарди долари, милијардерот во јавноста за првпат се појави токму на Мет Галата.

Фото: EPA/JUSTIN LANE

„Мојата цел е, под претпоставка се да се заврши, Твитер да го направам колку што можам поинклузивен и на Твитер да има што повеќе луѓе“, изјави тој пред да го откупи Твитер.

Фото: EPA/JUSTIN LANE

Говорејки за својата облека за вечерта чија тема на облекување беше „Gilded Glamour“ или во слободен превод „Позлатениот гламур“, изјави дека тој лично ги следи правилата на облекување со својот класичен смокинг. Во меѓувреме, Меј беше облечена во кадифен, костенлив Диор фустан и ланец со бисери околу нејзиниот врат.

Фото: EPA/JUSTIN LANE

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Милорад Додик станал дедо по седми пат

Следно

Пендаровски : Институциите да гарантираат за безбедноста на медиумските работници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian