Чадиковски: Релативната слобода на медиумите во која сега живееме не смее да не залажува

1 min read

Релативната слобода во која сега живееме не смее да не залажува, вели во изјава за „Слободен печат“, Младен Чадиковски претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), коментирајќи го извештајот на Репортери без граници во кој Северна Македонија годинава е на 57 место на Светскиот индекс за слободата на медиумите, со напредок од 33 места во споредба со 2021 година.

– Без системски решенија што ќе гарантираат квалитетна медиумска содржина и независност на уредувачката и новинарската работа, цело време ќе се вртиме во круг. Време е за суштински промени кои ќе гарантираат слобода на работењето, затоа што слободата на говорот, на мислата, тешко се стекнува, мачно се заработува, но искуството ни вели дека многу лесно може да се изгуби. Добро е да напредуваме на таа листа, но треба да сме свесни дека нема напредок без вистинска финансиска независност на медиумите, вели Чадиковски.

„Иако новинарите не работат во непријателско опкружување, раширените дезинформации и недостатокот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади“, се вели во резимето на извештајот за Северна Маедонија.

Најголем напредок во регионот има Црна Гора за 41 место, Бугарија за 21, Косово за 17 и Србија за 14 места, а најголем пад Грција за 38, Албанија за 20, Словенија за 18 места.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Очајнички обид за спас! Амбер Херд го отпушти ПР-тимот, но бројот на потписи на петицијата против неа вртоглаво расте

Следно

Роскосмос ја напушта МВС

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian