Ким Кардашијан синоќа беше најдобро облечената жена на Мет Гала..
На најважната модна вечера во годината, на Мет Гала во Метрополитен музејот во Њујорк синоќа парадираа актери и актерки, модели и уметници од сите категории.
Сепак, најмногу внимание привлече Ким Кардашијан која се појави во фустанот на легендарната Мерилин Монро.
Кардашијанката го носеше фустанот на филмската дива вреден 5 милиони долари, кој Мерилин го носеше во 1962 година кога на претседателот Кенеди му ја отпеа роденденската честитка.

Ким дојде во друштво на новото момче Пит Дејвидсон, а сите присутни останале без текст. Ријалити ѕвездата тврди дека ослабнала 8 килограми за да влезе во фустанот на Мерилин Монро, но многумина забележаа дека и нејзиниот задник „недостасува“. Така многумина коментираа дека ѕвездата сепак направила и корекција на задникот, односно дека го намалила.

Како што изјави, таа се жртвувала цел месец да не јаде ништо слатко и избегнувала јаглени хидрати.
Фустанот на филмската дива го носеше само на црвениот тепих, во него таа не седеше и јадеше, а не практикувала ниту шминка за телото која во други случаи ја практикува. По црвениот тепих, таа се пресоблече во реплика од истиот фустан.
