Бериша побара да биде протеран рускиот амбасадор и да се повлече албанскиот од Москва

2 mins read

Поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, Сали Бериша, кој повеќе од сигурен е дека ќе застане на чело на опозициската Демократска партија, побара од Владата под итно да го протера рускиот амбасадор во Тирана и да го повлече албанскиот од Москва.

Исто така, тој бара доведување до „максимален минимум на дипломатските односи со Русија како потврда на ставот за несогласување со овој агресор кон една слободна земја”.

Тој го поддржува апелот на украинскиот претседател Володимр Заленски, упатен при денешното видео обраќање пред албанските пратеници, да се ограничи влезот на руски туристи во Албанија и затворање на пристаништата за Русија.

– Апсурдна е одлуката на Владата да се укинат визите за руските граѓани и апелот на Еди Рама руските туристи да дојдат во Албанија. Ова беше сериозна навреда за Албанците. Каква беше оваа покана до Русите кои ја водат најнеправедната војна во целата своја долга историја. Затоа, итно барам укинување на визите за руските граѓани кои сакаат да влезат во Албанија, рече Бериша.

Координаторот на пратеничката група на владејачките социјалисти, Таулант Бала не сакаше да ја коментира изјавата на Бериша, ниту пак да одговара за кое било прашање поврзано со него.

– Политичар кому времето му завршило одамна. Бериша не постои за нас. Не одговарам на ниту едно прашање поврзано со него, рече Бала.

На прашањето дали ќе биде блокиран влезот на руските туристи, тој кусо одговори дека „Албанија, доколку оваа санкција биде разгледана од европските земји, ќе преземе чекори”

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Украинското разузнавање објави: Познато до кога ќе трае војната

Следно

Павличевиќ повика 24 репрезентативци за мечевите во Европската сребрена лига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian