За Велигден затворен македонски клуб во Благоевград

1 min read

Атанас Кирјаков, активист за правата на Македонците во Бугарија, за „Фокус“ вели дека македонскиот клуб во Благоевград, кој со години служел како место за собирање на етничките Македонци од градот и пошироко, бил затворен за Велигден.

Кирјаков вели дека клубот имал македонски културен календар, одржувале состаноци, а македонски интелектуалци од Пиринска Македониjа во Клубот ги запознавале со нивните наjнови книжевни дела, македонски книги и македонски весници („Народна волja“, весниците „Скорнување“, „Македонска пошта“, „Македонец“, „Пиринска Македониjа“ и други).

„Но, неколку дена пред Велигден, газдата на просториjaта во коja бевме под кириja, коja редовно ja плаќaвме, еднострано ни го раскина договорот. Анализата ни покажа дека газдата бил под притисок на бугарските власти (таjна и jaвна полициja)“, вели за „Фокус“ Кирјаков, кој беше и кандидат за градоначалник на Благоевград.

Според неговите сознанија, тие биле избркани од просторијата како казна поради тоа што поголем дел од македонската делегациjа коja се сретна со претседателот Стево Пендаровски во Скопje, била со активисти од македонскиот клуб во Благоевград.

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела, одговарајќи на пратеничко прашање, најави дека македонската Влада ќе отвори културен центар во Благоевград, а допрва ќе се одлучува кое име ќе го носи овој клуб. Најавата доаѓа откако беше отворен бугарскиот клуб во Битола со спорното име „Ванчо Михајлов“, што предизвика многу реакции во македонската јавност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Објавена досега невидена фотографија од принцезата Дијана: Чарлс Спенсер се присети на безгрижните денови со Лејди Ди

Следно

И понатаму сите го трпиме тој мирис по кафулиња и кафани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian