ВИДЕО | Непријатна случка на џез концертот во Скопје: Маж влета на сцената, му пречел автомобил

1 min read

За време на џез концертот кој во саботата се одржа во паркот „Ибни Пајко“, револтиран човек влета на сцената и го искористи микрофонот на музичарите за да го побара човекот кој паркирал возило пред неговата врата, поради што тој не можел да излезе.

Музичарите немаа реакција на ваквиот потег на човекот и продолжија со своето свирење.

Организиран од Здружението на џез музичари на Македонија, џез концертот во паркот „Ибни Пајко“ беше одржан по повод Меѓународниот ден на џезот.

На оваа тема на Фејсбук коментираше и Никола Наумоски, ексшефот на кабинет на поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

„Вчера во парк Ибни Пајко имало џез концерт и на сред солажа се случува ова:…“, напиша Наумоски

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Барселона договори засилување од Валенсија, го продава Де Јонг

Следно

Џафери: Рамазан Бајрам да донесе мир, хармонија и благосостојба за сите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian