ВИДЕО: Али Ахмети ја откри 20-метарската спомен-кула за ОНА во Слупчане

1 min read

Во кумановското село Слупчане попладнево на свечена церемонија беше откриена 20-метарска спомен-кула во чест на паднатите борци на Ослободителната народна армија (ОНА).

На настанот присуствува врвот на Демократска унија за интеграција, а во пресрет на церемонијата министерот за економија, Крешник Бектеши, објави фотографија на Фејсбук, на која се гледа како тој и партискиот лидер Али Ахмети патуваат кон Слупчане.

„Кон легендарното Липково“, напиша Бектеши.

Видеото од откривањето на споменикот можете да го погледнете на овој линк.

„Овој споменик не нѐ дели, овој споменик нѐ обединува. Ослободителната народна армија е нераскинлив дел од историјата на оваа земја. Не може да има историја на оваа земја без ОНА, не може да има иднина оваа земја без најголемото достигнување, Охридскиот мировен договор – резултат на оваа армија. Иднината на оваа земја е Договорот од Преспа, договор кој нѐ направи членка на НАТО“, рече меѓу другото Ахмети во својот говор на свеченоста.

Споменикот Ахмети го најави уште лани на 2 мај, датумот на кој ДУИ го слави „денот на мачениците на народот“. Како што соопштија локалните власти, изградбата на спомен-кулата чинела 200.000 евра.

Наспроти општината Липково, која тврдеше дека добила дозвола од властите за подигнување на споменикот, Министерството за транспорт и врски негираше дека била побарана дозвола, додека Министерството за култура се огради, наведувајќи дека надлежноста според Законот за меморијални споменици и спомен обележја, е на Собранието или единиците за локална самоуправа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Амбер Херд ќе глуми во Аквамен 2, но помалку од 10 минути

Следно

Киев тврди: Откриен е руски шпиони во украинскиот воен штаб

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian