Како што наведува изворот, во нивниот дом потенцијално се подготвува нешто спектакуларно…
Модната дизајнерка Викторија Бекам наскоро би можела да почне да бара нова креација која ќе ја носи на свадбата на нејзиниот син Ромео Бекам, бидејќи, според изворот, тој започнал да размислува за брак.
Тој е во врска со инфлуенсерката Миа Реган веќе 3 години и тие се многу посветени еден на друг. Изворот наведува дека кога Бруклин Бекам се оженил со Никола Пелц, помалиот брат започнал да размислува за брак.
Како што изворот навел во разговорот за „Mirror“, за свадбата се шпекулирало кога биле на семејниот одмор.
„Миа е блиска со мајката на Ромео, Викторија. Беше јасно дека парот сака долгорочна заедничка иднина и тие веќе зборувале дека се сродни души“
Судејќи според социјалните мрежи, тие двајца се многу заљубени и уживаат во својата љубов:
„Тие се опседнати еден со друг“, вели изворот.
„Миа е многу поразлична девојка од Никола и отсекогаш изјавувала дека би сакала да се омажи во Британија, и дека сака далеку полежерна и поскромна венчавка од онаа што ја направија Никола и Бруклин“, заклучил тој.
Пред неколку недели се ожени најстариот син на семејството Бекам, Бруклин, а прославата беше организирана за бројни гости, меѓу кои и познати личности како тенисерките Серена и Венус Вилијамс, но и членовите на групата „Спајс Грлс“, како и познатиот готвач Гордон Ремзи, Ева Лонгорија и уште многу други.