Убава вест: Михајловиќ ја напушти болницата во Болоња

1 min read

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е отпуштен од болницата „Сант Орсола“ во Болоња по вториот циклус на хемотерапија и според медиумите, тренерот се чувствува добро.

На Михајловиќ во 2019 година му беше дијагностицирана леукемија по што веднаш започна со хемотерапија, а исто така му беше извршена операција на коскената срцевина по што се врати на клупата на Болоња.

Но, пред два месеци, Михајловиќ повторно мораше да оди на хемотерапија бидејќи болеста се врати.

И додека беше во болница, Михајловиќ го водеше тимот на Болоња и често им се обраќаше на своите фудбалери преку видео врска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Израел се крена на нозе, бара извинување од Лавров за неговото тврдење дека Хитлер имал еврејска крв

Следно

Нетфликс ја откажа анимираната серија „Pearl“, чиј креатор е Меган Маркл

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian