Екипата на Јувентус ја активираше клаузулата со која ќе го реализира трансферот на Федерико Киеза. Италијанскиот репрезентативец во октомври 2020 година од Фиорентина пристигна во Торино на позајмица со можност за откуп на договорот.
„Старата дама“ веќе плати 10 милиони евра за двегодишната позајница, а сега одлучи да плати дополнителни 40 милиони евра плус бонуси за целосно да го откупи неговиот договор.
Киеза во дресот на Јуветус одигра одигра 61 натпревар на кој постигна 18 голови, но од јануари е надвор од терените поради повреда на коленото и неговиот кам-бек се очекува на стартот од идната сезона.