Стаховски му одговори на Надал: Дали е фер да умираат Украинците?!

1 min read

Украинскиот тенисер Серхеј Стаховски експресно реагираше на изјавата на Рафаел Надал дека не е фер руските тенисери да не можат да настапат на Вимблдон.

Надал пред настапот на турнирот од серијата мастерс 1000 во Мадрид, рече дека руските и белоруските тенисери не се виновни за војната во Украина и дека „не е фер тие да бидат казнети“ со исфрлање од најпрестижниот тениски турнир, Вимблдон.

На оваа изјава реагираше Стаховски кој по руската инвазија врз Украина, се приклучи на територијалната одбрана на неговата земја.

– Се наптреварувавме заедно, игравме еден против друг на турнирите. Кажи ми, дали е фер што украинските тенисери не можат да се вратат дома? Дали е фер што украинските деца не можат да играат тенис? Дали е фер што умираат Украинци? – напиша Стаховски на својот профил на Твитер.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Американските дипломати се надеваат дека ќе се вратат во Киев до крајот на месецот

Следно

Амбер Херд ќе глуми во Аквамен 2, но помалку од 10 минути

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian