Престана продажбата на авиобилети за линијата Скопје-Софија-Скопје

1 min read

Бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“ престанала да продава билети за летот Софија-Скопје по 21 мај, објави порталот специјализиран за вести од авиосообраќајот, „Exyuaviation.com“.

На веб-страницата на „ГуливЕр“ за онлајн продажба на билети пишува дека летовите од 21 мај натаму се распродадени. Ова е невообичаено, бидејќи од повторното воведување на летовите во март, интересот за линијата Софија-Скопје-Софија беше многу низок.

Од бугарската авиокомпанија, која во исто време престанала да продава карти и за линијата кон Тирана (од 14 мај), нема објаснување, па не е јасно дали се укинува линијата, која бугарскиот и македонскиот премиер, Кирил Петков и Димитар Ковачевски, ја најавуваа како голем чекор кон зближувањето на двете земји.

Скопје и Тирана беа единствените странски дестинации на „ГуливЕр“. Компанијата го одржуваше летот Софија-Скопје со турбопропелерски авион АТР 72-600, кој е со капацитет од 65 седишта, а летовите беа во понеделник и сабота, во 5 часот наутро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баер Леверкузен на чекор до Лигата на шампионите

Следно

Виц на денот: Секретарка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian