Објавена досега невидена фотографија од принцезата Дијана: Чарлс Спенсер се присети на безгрижните денови со Лејди Ди

1 min read

Принцезата Дијана е секогаш актуелна тема, а луѓето особено се заинтересирани за нејзиниот живот пред влегувањето во кралското семејство и сè што потоа се случило.

Принцезата Дијана е родена во британско благородничко семејство со кралско потекло како Почитуваната Дијана Спенсер. Таа била четврто дете и трета ќерка на Џон Спенсер, осмиот гроф на Спенсер од Алторп и благородната Френсис Рут Бурк-Рош, ќерка на лордот Фермој.

Братот на Дијана, Чарлс Спенсер, ретко објавува семејни фотографии, но последната на неговиот профил ја заинтересира јавноста.

Чарлс објави фотографија од петгодишната Дијана опкружена со нејзините сестри.

Тој ретко објавува вакви фотографии, но често во интервјуата зборува за својата сестра Дијана и споменува колку биле блиски како брат и сестра.

Чарлс редовно носи цвеќе на нејзиниот гроб, а особено го почитува тој обичај кога се во прашање важните празници. Чарлс се сетил како зборувал нивниот татко на денот кога се родила Дијана.

„Беше особено топол ден на 1 јули 1961 година, и тогаш се роди мојата прекрасна ќерка“.

Братот на Дијана исто така беше замолен да ги коментира различните шпекулации околу името на ќерката на принцот Хари, но тој истакна дека работите секогаш ги гледа низ призмата на семејството и дека не го интересираат написите во весниците.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Потврден е влезот на Порше и Ауди во Формула 1

Следно

За Велигден затворен македонски клуб во Благоевград

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian