Нетфликс ја откажа анимираната серија „Pearl“, чиј креатор е Меган Маркл

1 min read

Нетфликс ја откажа анимираната серија „Pearl“, чиј креатор е Меган Маркл, пишува Six.

Серијата долго време е во почетна фаза на создавање, а требаше да ја прикаже фантазијата и историјата низ авантурите на 12-годишна девојка во секојдневните животни предизвици. Се вели дека Нетфликс ја откажал серијата поради намалување на буџетот и наглиот пад на претплатниците.

Извршен продуцент на серијата беше сопругот на Елтон Џон, Дејвид Фурниш.

Нетфликс го направи истото со голем број други анимирани проекти кои не ги исполнија роковите и се уште се во рана фаза. На продуцентите им порачаа да се обидат да ги прикажат своите проекти на некои други стриминг платформи.

Инаку, многумина беа убедени дека Меган со анимираната серија „Pearl“ сакаше да го покаже сопственото детство. Имено, името Меган (Meghan) потекнува од Велс, каде што традиционално се пишува Меган (Megan), но првично потекнува од грчкото име Маргарет, изведено од зборот (margaritēs), што во превод значи бисер (pearl).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Убава вест: Михајловиќ ја напушти болницата во Болоња

Следно

ГАЛЕРИЈА: Крвави столчиња пред спомен-кулата во чест на паднатите борци на ОНА во Слупчане

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian