Актерот Метју Пери, најпознат по улогата на Чендлер во серијата „Пријатели“, деновиве е снимен низ улиците на Беверли Хилс.
Тој беше во друштво на бринетата од која, судејќи по фотографиите, во последно време не се разделува. Тие беа снимени заедно за прв пат минатиот месец.

Метју се шетал низ градот во широка маица и панталони. Многу негови обожаватели на социјалните мрежи пишуваат дека на почетокот не го препознале. Додека некои коментираа за тоа како актерот изгледа многу опуштено, други коментираа дека изгледа разбушавено и запуштено.
Да се потсетиме, минатата година актерот ги загрижи своите обожаватели откако се појави во специјалот на „Пријатели“. Тој тогаш зборуваше прилично нејасно.