Седмиот роденден на принцезата Шарлот, кралското семејство го одбележа со нови фотографии од неа.
„Утре седум години!“, напишаа вчера на Инстаграм војводата и војвотката од Кембриџ покрај фотографијата на Шарлот со кучето. Фотографиите се направени во природа, а ги направила нејзината мајка, војвотката Кејт.
„Иста како Вилијам“, „Прекрасна е“, „Колку е слатка“, „Неверојатно колку личи на Вилијам“, „Близначка на тато“, се повторуваа следбениците на кралското семејство истакнувајќи ја сличноста на малечката Шарлот со нејзиниот татко, принцот Вилијам.
Шарлот е средното дете на Вилијам и Кејт. Таа го има постариот брат Џорџ и помладиот Луис.