И во Хрватска може да се влегува без ПЦР-тестови и ковид-сертификати

1 min read

Патниците од трети земји од вчера можат да патуваат во Хрватска без ковид-сертификати или негативен корона-тест.

Со тоа, како што потврдија од хрватското МВР, повеќе не важат ограничувањата на границите што беа донесени за време на пандемијата на коронавирусот.

Важноста на Одлуката за привремено ограничување на преминувањето на граничните премини на Република Хрватска, која важеше до 30 април 2022 година, не е продолжена. Затоа, влезот во Република Хрватска е дозволен под условите за влез кои важеле пред епидемијата на Ковид-19, односно под условите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс, Законот за странци итн., но без исполнување на епидемиолошки услови, соопштија тамошните власти.

Антиепидемиските мерки за влез во државите деновиве ги укинаа и Грција, Албанија, Србија, како и Македонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Киев тврди: Откриен е руски шпиони во украинскиот воен штаб

Следно

Бекер порано ќе излезе од затвор?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian