Гутереш по повод Светскиот ден на слободата на медиумите: Без слобода на печатот, нема демократски општества

1 min read

Во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите, 3 мај, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека „без слобода на печатот, нема вистински демократски општества, и без слобода на печатот – нема слобода“. Тој укажа дека „заканите на новинарите растат секој ден“.

За време на пандемијата, многу медиумски работници беа на „првата линија“, обезбедувајќи точно, научно засновано известување за информирање на носителите на одлуки и спасување животи, се вели во изјавата на генералниот секретар.

Новинарите кои известуваат од областа на климата, биодиверзитетот и загадувањето успеаја да го свртат вниманието на светот кон оваа планетарна криза.

Сепак, според Гутереш, „заканите за слободата на новинарите и медиумските работници растат од ден на ден“.

„Од глобалното здравје до климатската криза, корупцијата и кршењето на човековите права, тие се соочуваат со зголемена политизација на нивната работа и обиди да ги замолчат од неколку страни“, рече Гутереш.

Дигиталната технологија го демократизираше пристапот до информации, но создаде и сериозни предизвици.

„Дигиталната технологија ја прави цензурата уште полесна. Многу новинари и уредници ширум светот се во постојан ризик нивните програми и извештаи да бидат отстранети од интернет“.

Се менуваат методите и алатките, како што изјави генералниот секретар на ОН, но целта за дискредитација на медиумите и прикривање на вистината останува иста како и секогаш.

kurir.mk

Претходно

Давор Панчевски ви препорачува: Подгответе си лесен и освежителен десерт за овој период од годината!

Следно

Епидемија на хепатитис во загрепски училишта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian