ГАЛЕРИЈА: Крвави столчиња пред спомен-кулата во чест на паднатите борци на ОНА во Слупчане

2 mins read

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, со спуштање на десетметарско албанско знаме, заедно со претставници од локалната власт во Општина Липково, во Слупчане ја откри спомен-кулата висока 20 метри во чест на паднатите борци на Ослободителната народна армија (ОНА) во конфликтот во 2001 година.

Како што јави Телма, кулата, чија изградба според локалните власти чинела 200.000 евра, а е подигната со заобиколување на законските процедури во Собранието, е недовршена и полупразна.

Потоа партиската поворка на ДУИ положила цвеќе на споменикот во близина на кулата, како и на околните гробови на загинатите борци на ОНА. Раководството на ДУИ ги избегнало медиумските екипи, јавува Телма.

Ахмети на својата страница на Фејсбук објави фотографии од настанот, на кои се гледаат столчињата на кои седеа гостите, испрскани со црвена боја, која треба да ја симболизира крвта на загинатите борци на ОНА.

На свеченоста дојде целиот врв на ДУИ, предводен од Ахмети и претседателот на Собранието Џафери. Ахмети порача дека ОНА е составен дел од историјата на оваа земја и дека без неа не можел да биде постигнат Охридскиот договор. Без ОНА нема ниту иднина, а иднината на земјата е Преспанскиот договор со кој влеговме во НАТО, рече Ахмети.

Фото: Али Ахмети/Фејсбук
Фото: Али Ахмети/Фејсбук

Спомен-кулата е дел од меморијален центар во кои има и возило на ОНА под стакло, спомен-соба со фотографии, портрети на загинати борци на ОНА, нивни униформи и албански знамиња. За подигањето на спомен-кулата, од Центарот за Културно наследство рекоа дека е повреден Уставот и дека не е почитуван Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, зашто објектот не е внесен во Собраниска програма за одбележување значајни настани и личности, нема одлука од Собранието за подигање на објектот и не е формиран одбор кој би ја следел целата процедура за подигање на Спомен кулата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нетфликс ја откажа анимираната серија „Pearl“, чиј креатор е Меган Маркл

Следно

Емери верува во чудо и во пласман во финалето во ЛШ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian