Емери верува во чудо и во пласман во финалето во ЛШ

1 min read

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери верува дека неговите фудбалери можат да направат чудо и да се пласираат во финалето од Лигата на шампионите иако по првиот полуфинален натпревар имаат два гола негатива. Минатата недела, Ливерпул пред своите гледачи го совлада Виљареал со 2:0.

Емери е свесен дека утревечер го очекува тешка мисија, но се надева на сензација и пласман во финалето.

– Се наоѓаме пред историски момент, нашите навивачи се многу горди. Досега добро игравме на домашен терен и се надевам дека пред нашите навивачи ќе го одиграме најдобриот натпревар сезонава и ќе обезбедиме пласман во финалето – рече Емери.

Тренерот кој се специјализира за триумфи во Лигата на Европа, за утрешниот натпревар нема да може да смета на неколку стандардни фудбалери меѓу кои се Раул Албиол и Херардо Морено, но и покрај тоа верува во чудо.

– Мотивирани сме што играме во полуфиналето во Лигата на шампионите и тоа пред нашите навивачи – вели Емери.

Виљареал немаше играно во Лигата на шампионите од сезоната 2011-12, а досега само три пати играше во нокаут фазата, а во 2006 година исто така играше во полуфиналето кога загуби од Арсенал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ГАЛЕРИЈА: Крвави столчиња пред спомен-кулата во чест на паднатите борци на ОНА во Слупчане

Следно

Хороскопски знаци кои обожаваат прегратки: Со гушкање можете веднаш да ги освоите!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian