Двајца Срби тешко повредени во сообраќајка кај Романовце

1 min read

МВР соопшти дека двајца српски државјани се тешко повредени откако со возило излетале од автопатот Куманово – Скопје. Случајот е пријавен вчера, околу 03:35 часот во СВР Куманово.

Несреќата се случила во атарот на село Романовце, а се работи за М.Д. (27) кој  управувал со патничкото возило „фолксваген туарег“ со српски национални ознаки, како и за неговиот сопатник Е.Ч. (23).

М.Д. изгубил контрола и излетал од патот, а тешки телесни повреди кај двајцата се констатирани во Општата болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Куманово. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Муслиманите ширум светот го слават Рамазански Бајрам

Следно

Почина кантри ѕвездата Наоми Џад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian