Да го задушиме огнот од војната во Украина за да не го зачадиме Балканот

6 mins read

На кој начин се одразуваат штетните последици од војната во Украина врз Балканот а со тоа и Македонија и какви рефлексии во регионот врз идните политики имаат руското и кинеско влијание.
Ова се дел од дилемите на кои дава одговор американската струча студија на „Вилсон институтот“ за надворешна политика и Школата за напредни меѓународни студии на Универзитетот Џон Хопкинс насловена како „Од криза до конвергенција – Стратегија за справување со нестабилноста на Балканот”.

Проблематични точки на Балканот

Американскaта стручна студија во својот опсежен опис истакнува дека главни проблематични точки во нашиот регион се состојбите поврзани со соседно Косово и оние во Босна и Херцеговина со Република Српска. Студијата нотира дека доколку на дипломатски начин не се надминат кризите тие ќе преставуваат опасна точка за дестабилизација на регионот, кои со сигурност ќе бидат експлоатирани од страна на Русија и Кина за ширење на нивното влијание во регионот.

Македонија клучна земја за стабилност во регионот?

Во делот на документот кој се однесува на Македонија се нотира дека, клучниот период кој следи е пресуден за мирот на Балканот бидејќи е неопходно да се изнајде мирно решение во спорот меѓу Приштина и Блеград без менување на границите во регионот.

– Спротивно на тоа, целосната поделба на Косово, неизбежно ќе доведе до егзодус на српската заедница на југот на земјата, правејќи ја „Унијата“ на албанските земји неизбежен заклучок. За возврат, „Унијата“ би го поттикнала сепаратизмот на „Голема Албанија“ во Северна Македонија и Црна Гора, зајакнувајќи и легитимизирајќи ја потрагата по „Голема Србија“ од Белград. Токму од оваа точка вратата за долготрајна нестабилност, масовни движења на населението и конфликти низ регионот ќе бидат отворени за идно негативно делување на Русија и Кина кои со сигурност ќе ги искористат состојбите, пишува во документот.

Студијата подвлекува дека најуспешен механизам за надминување на овие несакани состојби на Балкнот е проширување на влијанието на Западот, преку интеграција на земјите во ЕУ и НАТО.

Во своја детална анализа за американската студија, ексклузивно за „Слободен печат“ говори доктор Ангелос Касканис програмскиот директор на Институт за одбрана и безбедност во Вашингонт и првиот човек на лондонскиот Институт за борба со тероризмот „Тактикс”.

Др. Ангелос Касканис програмски директор на Институт за одбрана и безбедност во Вашингтон – прв човек на „Тактикс”.

– Како што “стојат” работите во геополитиката се чини дека проблемот со руската инвазија врз Украина нема скоро да се разреши. Па во овој момент многу е логично државите како САД и Германија да бараат механизми кои ќе бидат успешно решение на Балканот, Западот да ги обедини своите сили и влијание – вели Касканис.

Тој објаснува дека во моментов актуелен е напорот на САД и Германија да се создаде обединет фронт и обединета Европа против Русија.

– По надминување на спорот помеѓу Грција и Северна Македонија, на дипломатски начин во моментов дојдено е времето да се разреши статусот и на Косово кое би требало да заврши со универзално признавање на земјата од сите инволвирани страни на случувањата. Но битно е да се напомена зошто јас го користам терминот универзално признавање, бидејќи неспорен факт е дека овој процес нема да биде ниту лесен ниту брз, бидејќи 4 моќни европски држави одбиваат да го признаат Косово од разбирливи причини а тоа значи дека ќе треба целосно да се испрочитува меѓународното право и ролјата на Обединетите Нации во овој спор – вели Касканис.

Интеграција на регионот во ЕУ и НАТО

Безбедносниот експерт објаснува дека сега поради војната во Украина е вистинското време Брисел да покаже дека спорот за Косово може да биде подобро решен од оној во Босна и Херцеговина кој и натаму преставува проблем.

Фото: Архива

– Доказ дека процесот треба да се забрза преставува и оваа актуелна студија која само ја подвлекува важноста зошто НАТО е битен на Балканот и колку за безбедноста на регионот значи влезот на новите члнеки во сојузот како Црна Гора, Северна Македонија и Албанија – вели Касканис.

Според него Северна Македонија заедно со Грција здружено го шират безбедносниот чадор на НАТО и со своите воени мисии во Косово допринесуваат да се пацифизираат сите обиди за дестабилизација како од времето на 1999 година.

– Американскиот документ покажува дека вашата земја сега е дел од една многу битна безбедносна структура која ги брани вредностите на Западот на долгиот фронт против агресорите кој започнува од Финска па преку Балканот завршува на Кипар – вели Касканис.

Тој заклучува дека негов личен став се поклопува со содржината на истражувањето и истакнува дека периодот кој следи ќе ги стави државите од Балканот на безбедносен тест кој ќе треба да е успешен бидејќи тие во месеците кои следат ќе се справуваат со предизвици поврзани со злоупотреба на правата на малцинствата во државите, зголемениот шверц со оружје, демаркацијата на границите која и натаму не е целосно решена како и со битката со организираниот криминал и корупција која во темел подеднакво ја подрива стабилноста на секоја балканска земја засебно.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралското семејство објави нови фотографии: Принцезата Шарлот наполни 7 години

Следно

Американските дипломати се надеваат дека ќе се вратат во Киев до крајот на месецот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian