Бекер порано ќе излезе од затвор?

1 min read

Легендарниот германски тенисер Борис Бекер е осуден на 2,5 години затворска казна поради финансиски малверзации и моментно се наоѓа на отслужување на казната во затворот Вандсворт, но англиските медиуми пишуваат дека наскоро ќе биде преместен на нова локација, а постои можност и предвреме да биде пуштен на слобода.

Бидејќи неговото казнено дело не е од насила природа, Бекер за неколку дена ќе биде преместен во затвор со помала безбедност каде најверојатно ќе помине само девет месеци по што остатокот од казната ќе го помине во домашен притвор.

Бекер кој има шест гренд слем титули и во кариерата заработи 25 милиони долари само од награди на турнирите, пред неколку години прогласи банкрот.

Германецот беше осуден бидејќи криел имот вреден 2,5 милиони фунти и кредит за да не ги плати долговите кои изнесувале околу 50 милиони евра.

Англиското обвинителство го сомничеше Бекер дека се обидел да прикрие пари и други скапоцености вклучувајќи тениски трофеи како и дека исто така не пријавил дека има недвижен имот во други земји. Од 20 обвинителни точки, Бекер е осуден за четири, а за останатите е ослободен.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

И во Хрватска може да се влегува без ПЦР-тестови и ковид-сертификати

Следно

Метју Пери снимен на улиците на Беверли Хилс, фановите загрижени: Тој изгледа запуштено

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian