Управата на Барселона продолжува да работи на засилувањата за следната и по ангажманот на Френк Кеси кој на „Камп Ноу“ доаѓа како слободен играч, а по истиот рецепт ќе пристигне и Андреас Кристенсен, сега го договори првиот трансфер за кој ќе плати отштета.
Карло Солер од Валенсија за сума од 20 милиони евра на лето ќе се пресели во Барселона, пишуваат шпанските медиуми.
Договорот на Солер со Валенсија истекува идната година и поради тоа Валенсија се согласи на трансфер тежок 20 милиони евра.
Доаѓањето на Солер на „Камп Ноу“ ќе значи и дека тренерот Чави Ернандез со согласил да го продаде Френки де Јонг за кого голем интерес пројавуваат Манчестер јунајтед и Баерн Минхен.
Сумата која Барселона ќе ја бара за холандскиот репрезентативец е 70 милиони евра, пет милиони помалку отколку што каталонскиот тим му плати на Ајакс во 2019 година.