Баер Леверкузен на чекор до Лигата на шампионите

1 min read

Фудбалерите на Баер Леверкузен славеа со 2:0 против Ајнтрахт Франкфурт и направија голем исчекор кон обезбедување на една од првите четири позиции на табелата во Бундеслигата кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Баер поведе во 18, минута со голот на Паулињо по асистенцијата на Диаби, а конечниот резултат го постави Патрик Шик во 51. минута. Баер сега има 58 бода и е трет на табелата, со три бода предност пред Фрајбург на две кола до крајот.

Лајпциг кој исто така се бори за пласман во ЛШ е поразен на гостувањето кај Борусија менхенгладах со 3:1. Домашниот тим со голот на Емболо во 17 минута, но Лајциг во 36 минута преку Нкунку успеа да израмни на 1:1. Сепак, до крајот на првиот дел, Борусија го врати водството со голот на Хофман во последните моментни.

Во второто полувреме, Хофман во 77 минута го постави конечниот резултат иако десетина минута претходно Борусија остана со играч помалку по исклучувањето на Елведи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Вандали парчосаа рампа за паркинг во Тетово, изгледа како да била во војна

Следно

Престана продажбата на авиобилети за линијата Скопје-Софија-Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian