Ангелов повика да нема тензии околу споменикот во Слупчане: Никогаш да не се повтори војна

2 mins read

„Тие нека си ги чествуваат нивните, ние да си ги чествуваме нашите загинати, а сите заедно да дадеме сѐ од себе во Македонија никогаш повеќе да не ни се повтори војна и конечно да завладее целосен меѓуетнички мир“, напиша на Фејсбук Стојанче Ангелов, лидер на Достоинство и учесник во оружениот конфликт од 2001 година, по денешното отворање на 20-метарски споменик во Слупчане во чест на загинатите борци на ОНА.

„Јас, како непосреден учесник во одбраната на Македонија во 2001 година, можам само да им честитам на наследниците на УЧК – ДУИ, за почитта која ја покажуваат кон загинатите од нивните редови“, напиша Ангелов.

Колку и да не му се допаѓа некому, отворањето на споменикот треба да биде пример за македонскиот државен и политички врв, како треба да се чевствуваат македонските бранители од 2001 година, кои го дадоа својот живот бранејки ја татковината. Чевствување на загинатите, но и почит кон ранетите, трауматизираните и сите останати македонски бранители кои на било кој начин и во било кој обем учествуваа во одбраната на Македонија во 2001 година, вели Ангелов.

„За разлика од овој нов споменик на УЧК кој се наоѓа некаде далеку во Липковско, ние, македонските Бранители од 2001, имаме достоинствен и репрезентативен споменик во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина на македонското Собрание и скопскиот плоштад. Останува уште на овој наш споменик на бранителите од 2001, да се поклонат и претставници на највисокиот македонски државен и политички врв“, пишува Ангелов.

Тој потсетува дека во земјава има безмалку стотина достоинствени споменици, спомен-обележја, како и значајни објекти кои ги носат имињата на загинатите македонски бранители од 2001 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хороскопски знаци кои обожаваат прегратки: Со гушкање можете веднаш да ги освоите!

Следно

Песочна олуја го парализира Багдад, целиот град обвиен во портокалова боја (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian