За Грција и Бугарија не ви треба ковид сертификат за влез, од денес укинати повеќето мерки

1 min read

Ако патувате во Грција од денес веќе не би треба ковид сертификат оти се укинуваат речиси сите епидемиолошки мерки против коронавирусот.

Останува само задолжителното носење маски во затворени простории, а таа мерка ќе биде на сила најмалку до крајот на мај, пишува „Катимерини“.

Повеќе нема да бидат потребни сертификати за вакцинација, негативни ПЦР тестови, како ниту оние за во ресторани, кафулиња или културни институции.

Останува на сила мерката дека вработените во здравствените установи мора да се тестираат со брз антиген тест двапати неделно, додека во училиштата и некои други установи оваа обврска ќе се намали на еднаш во седум дена.

Многу земји во регионот и светот пред почетокот на туристичката сезона ги олеснија мерките за заштита од коронавирусот.

Од денес и во Бугарија можете да патувате без ковид сертификат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

КСС: Ќе ги почитуваме работодавачите и политичките елити колку што тие го почитуваат работникот

Следно

Давидовски со дијамантски трофеј ја започна сезоната во ТЦР Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian