ВИДЕО: Внукот на Мухамед Али во првата рунда го нокаутираше Ибара во Лас Вегас

1 min read

Нико Али Валш, внук на покојната боксерска легенда Мухамед Али, дебитираше како професионален боксер во август лани на само 20 години и веднаш забележа победа во средната категорија.

Тогаш настанот организиран од „Top Rank Boxing“ противник на Волш беше 29-годишниот Џордан Викс, а Волш победи по само 90 секунди и низа разорни удари. Судијата ја прекина борбата, а победата ја оствари со технички нокаут.

Тој вчера веќе ја имаше петтата борба во кариерата и ја постигна петтата победа. Овој пат во Лас Вегас славеше против Алехандро Ибара кого го собори со моќен нокаут, па на судијата не му преостана ништо друго освен да ја прогласи борбата во првата рунда за завршена во корист на Али.

Волш е син на ќерката на Али, а интересно е што промотор на неговата борба беше Боб Арум, истиот човек кој почна да ги промовира борбите на својот дедо пред 55 години. По мечот го спомна својот дедо.

– Ова е само доказ за работата што ја вложив. Ваквите работи се случуваат кога се трудите.

Го враќам дедо ми во живот, a мама станува многу емотивна бидејќи повторно го гледа нејзиниот татко и го слуша неговото име – рече младиот Али по победата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанија: Литар масло за јадење 3,1 евро, литар нафта две евра

Следно

1 Мај – Меѓународен ден на трудот, до каде сме со работничките права

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian