ВИДЕО: Лампард го урна Челси, Евертон го фаќа последниот „воз“ за опстанок

1 min read

Екипата на Евертон успеа денеска непријатно да го изненади Челси совладувајќи го со 1:0, во натпреварот од 35 коло во Премиер лигата. Играчите на менаџерот Френк Лампард освоија важни бодови во трката за опстанок, и натаму се во опасната зона за испаѓање.

Моментно составот од „Гудисон“ е на 18 позиција со 32 бодови, два помалку од засега сигурниот Лидс, но „карамелите“ имаат и меч помалку.

Победничкиот гол за Евертон го постигна Ришарлисон во 47 минута и така ја обезбедија деветтата победа сезонава, а на третото место е Челси со 66 бодови.

Во истиот период, Тотенхем како домаќин го победи Лестер со 3:1. Стрелци за Тотенхем беа Хари Кејн во 22 минута и Хјунг Мин Сон во 60 и 79 минута. Голот за Лестер го постигна Келечи Ихеначо во првата минута од судиското продолжение.

Арсенал како гостин славеше кај Вест Хем (1:2), „топџиите“ водеа со голот на Холдинг во 38 минута, па непосредно пред паузата израмнија „чеканите“ со голот на Бовен. Конечниот епилог го постави Габриел во 54 минута после асистенцијата на Мартинели.

Премиер лига, 35. коло

Недела, резултати –

Евертон – Челси 1:0
Тотенхем – Лестер 3:1
Вест Хем – Арсенал 1:2

Табела:

1.Манчестер сити 83 бодови
2.Ливерпул 82
3.Челси 66
4.Арсенал 63

17.Лидс 34

18.Евертон 32
19.Ватфорд 22
20.Норич 21

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сиља : Србија не може да го дестабилизира Косово

Следно

ФОТО | Кејти Холмс вљубена до уши! Кое е новото момче на поранешната на Том Круз?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian