Вардар ја освои Битола: „Црвено-црните“ на пат да ја одбранат титулата

1 min read

Екипата на Вардар 1961 во дербито на македонската ракометна Суперлига во салата „Боро Чурлевски“ со резултат 23:26 (11:11) го совлада Е. Пелистер.

Пред овој меч битолчани беа во „пол-позиција“ за шампионската титула, но играчите на Давид Дејвис се надминаа себеси и сега се на пат да го одбранат тронот.

Кај стрелците во победничките редови доминираше Моралес со девет голови, шест имаше Талески. На спротивната страна најрасположен беше Обрадовиќ со пет погодоци, а четири беа дело на Граџан.

На табелата Вардар е сега првопласиран со 23 бодови, еден повеќе од тимот на Жељко Бабиќ на втората позиција.

Следуваат скопски Бутел со 15 бодови, осум има вториот тим на Е. Пелистер, Тиквеш претпоследен со шест, а на дното е Охрид со еден бод.

Распоред на натпревари кој го имаат екипите на Вардар и Е. Пелистер во трката за шампионската титула:

Вардар 1961 – Е. Пелистер 2
Бутел Скопје – Вардар 1961
Вардар 1961 – Тиквеш

Охрид – Е. Пелистер
Е. Пелистер 2 – Е. Пелистер
Е. Пелистер – Бутел Скопје

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кристофер Хил : Ако мислите дека Русија ќе помогне за Косово – размислете повторно

Следно

Тажен и напуштен и покрај милијардите: Сам сум во куќата со 18 бањи, Мелинда замина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian