Според дипломати, ЕУ до крајот на годината може да воведе забрана за увоз на руска нафта

1 min read

До крајот на годината ЕУ најверојатно ќе воведе постепено забрана за увоз на руска нафта како дел од новата рунда санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина, изјавија извори за француски медиуми.

Европската комисија, која подготвува санкции за 27-те земји на ЕУ, во моментов го подготвува текстот, што би можел да им биде доставен на земјите-членки уште в среда, велат дипломатите.

Неколку дипломати рекоа дека забраната е овозможена по пресврт на политиката од страна на Германија, која се спротивставуваше на мерката, сметајќи ја за потенцијално штетна за нејзината економија.

Според дипломатите, Комисијата ќе предложи постепено воведување на забраната за шест до осум месеци, давајќи им на земјите време да го диверзифицираат своето снабдување, велат изворите. (МИА)

kurir.mk

Претходно

ФОТО | Кејти Холмс вљубена до уши! Кое е новото момче на поранешната на Том Круз?

Следно

Кристофер Хил : Ако мислите дека Русија ќе помогне за Косово – размислете повторно

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian