Со традиционални протести одбележан Денот на трудот во Атина

1 min read

Грчките синдикати, традиционално и масовно со протести во центарот на Атина го одбележаа Денот на трудот, првпат по две години без никакви рестрикции поради пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Синдикатите на вработените во приватниот и државниот сектор протестираа под слоганот „Демократија, мир, правда и еднаквост“, додека пак Синдикатот на Комунистичката партија на Грција одржа посебен собир.

На денешните протести, меѓу другото, демонстрантите побараа зголемување на платите, подобрување на условите за работа и работничките права, а собири имаше и во останатите големи градови во Грција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Eвакуирани вкупно 46 цивили од Азовстал

Следно

Со Македонецот во Бундеслигата: Навивачите сакаат да остане Чурлинов во Шалке

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian