Познати се сите учесници во ЛШ од италијанската Серија А

1 min read

Вечерва Рома ги загуби сите шанси да биде на местата кои водат во групите на Лигата на шампионите за следната сезона.

На својот „Олимпико“ во Рим играчите на Жозе Мурињо одиграа само без голови 0:0 против Болоња.

На ова реми најмногу се радуваше Јувентус кој и официјално не може да заврши под четвртото место.

„Старата дама“ претходно ја заврши својата обврска откако на домашен терен триумфираше со 2:1 над Венеција.

Така, познати се сите учесници од италијанската Серија А кои ќе партиципираат следната сезона во групната фаза на ЛШ, тие се Милан, Интер, Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Јувентус.

На три кола до крајот на сезоната во шампионатот и натаму се води битка за Скудетото, Милан е прв со 77 бодови, два повеќе од Интер, трет е Наполи (70), а четвртопласиран е Јувентус (69), 10 повеќе од петтопласираната Рома.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пукање во Аеродром, повредено едно лице

Следно

ФОТО | Која е убавицата која и покрај сѐ остана со Бекер: Татко ѝ е министер, а во затвор го испрати со бакнеж

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian