Почнаа речиси едномесечни маневри на НАТО за подобрување на безбедноста на источното крило

1 min read

Полските вооружени сили соопштија дека денеска почнаа воените вежби во кои учествуваат илјадници војници на НАТО. Станува збор за редовни вежби кои имаат за цел да ја подобрат безбедноста на источното крило на Алијансата, но годинава се одржуваат во време кога во соседството беснее руската војна против Украина.

Поради тие околности полската армија денеска апелираше до јавноста да не објавува информации или слики за колоните воени возила што се очекува да се движат низ земјата во наредните недели.

Министерството предупреди дека „непромислената активност“ може да ја оштети безбедноста на Алијансата.

Армијата објави дека 18.000 војници од повеќе од 20 земји ќе учествуваат во вежбите „Бранител на Европа 2022“ и „Брз одговор 2022“, што се одржуват во Полска и во уште осум земји. Вежбите ќе траат до 27 мај. (МИА)

kurir.mk

Претходно

Петти ден се трага по победничката на „Големиот брат“: Нуркачите ја пребаруваат Сава

Следно

Пелистер им се врати на „стотките“ во кошаркарската Суперлига

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian