Побрз и од Болт, Најтон стана четвртиот најбрз човек на 200 метри

1 min read

Американскиот атлетичар Еријон Најтон стана четвртиот најбрз човек во светот на 200 метри, откако таа делница ја истрча за 19,49 секунди на митингот во Батон Руж во саботата.

Најтон, кој беше четврти на 200 метри на Олимпијадата во Токио, вчера го подобри својот јуниорски светски рекорд (19,84) што го постави во јуни 2021 година во квалификациите во САД.

Исто така, неговото време е само три десетинки побавно од светскиот рекорд на Јамајканецот Усеин Болт (19,19) од 2009 година.

Само Болт, неговиот сонародник Јохан Блејк (19.26) и американската легенда Мајкл Џонсон (19,32) се побрзи од Најтон на 200 м.

Најтон стана сензација во 2021 година, кога на само 17 години се пласираше на Олимпијадата во Токио. Сега е 200 метри побрз од легендите на американската атлетика Карл Луис (19,75) и Томи Смит (19,83). За споредба, најдоброто време на Усеин Болт на 200 метри, кога имаше помалку од 20 години, беше 19,93.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Фото: „Се чекаме кај Чичко Стоилко“ – скопски муабет, кој што ја направи сендвичарата урбан култ на градот

Следно

ФОТО | Се сврши Марија Груевска, пејачката со најинтересните настапи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian