Петти ден се трага по победничката на „Големиот брат“: Нуркачите ја пребаруваат Сава

2 mins read

Маријана Зајферт (37), која победи во регионалното шоу „Големиот брат“ во 2011 година, исчезна пред пет дена.

Маријана исчезнала во средата рано наутро, на 27 април. Исчезнувањето го пријавил нејзиниот сопруг, Карло Зајферт, а хрватската полиција објави фотографии и информации за нејзиното исчезнување.

Освен нејзиниот телефон и документи кои се пронајдени во близина на мостот Младост, ништо повеќе не е пронајдено од трагите.

„Нуркачите на ХГСС денеска се вклучија во потрагата по женска личност во подрачјето на реката Сава во Загреб. Теренот е прегледан од воздух, направени се нуркања за да се испита ризикот и да се направи план за утрешната акција. Ќе се пребаруваат двете страни на коритото, на 500 метри околу Мостот на младоста“, пишува во соопштението на Твитер.

Да потсетиме, Маријана во моментот на исчезнувањето била облечена во маица во боја на сенф, црна спортска јакна, црна тренирка со бело-црвена лента и светли патики.

Во истрагата учествуваат и членови на нејзиното потесно семејство, а неодамна се огласи и нејзината пријателка.

– Не ни помислував дека ќе се случи вакво нешто. Маријана одлично ја познавам и знам дека никогаш не би ги оставилаа синот и ќерката, нејзините деца ѝ беа сè. Постојано ми зборуваше за нејзиниот син. Кога ја слушнав таа страшна вест, веднаш ѝ се јавив, но на вибер видов дека веќе два дена не била активна. Не беше онлајн ниту денот пред да исчезне. Сфатив дека нешто не е во ред“, раскажала Тамара Јанковиќ, која со Маријана учествуваше на „Големиот брат“.

„Претходно ми кажа со какви проблеми наишла во врската со Немеш. По разводот од него ми зборуваше дека сѐ оставила зад себе, дека веќе не се слушаат и дека е подготвена да продолжи понатаму. Постојано се плашеше од осудите на јавноста. За овој сопруг ми кажа само дека сѐ е во ред и дека се однесува добро. Навистина не можам ниту да замислам што можело да се случи, но убедена сум дека таа не е личност која би си наштетила себеси“, додала таа.

Исчезна Маријана од „Big Brother“, жената која ја шокираше јавноста со бурната љубовна врска пред камерите

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почина Ивица Осим, великанот на југословенскиот фудбал

Следно

Почнаа речиси едномесечни маневри на НАТО за подобрување на безбедноста на источното крило

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian