Пелистер им се врати на „стотките“ во кошаркарската Суперлига

1 min read

Екипата на Еуро Никел 2005 немаше шанси за успех во Битола, Пелистер, лидерот на табелата, славеше со убедлив резултат 100:83 во салата „Боро Чурлевски“.

Битолчани направија уште едeн чекор напред кон освојувањето на првото место во генералниот пласман во Суперлигата кое носи најголеми привилегии во плеј-офот.

Феноменална прва четвртина одиграа „зелено-белите“ против кавадаречкиот суперлигаш. За 10 минути реализираа дури 33 поени, примија само 18. И тука некаде се најавуваше нов триумф на Пелистер. По подолго време му се врати на оној стар, пред сè, ефикасeн стил на игра, кој е тежок да се брани.

До полувремето таа разлика Пелистер ја направи да изгледа недостижна за противникот. Водеше домашната екипа со 57:36.

Па она второ полувреме протекна во обидите на гостите од Кавадарци таа разлика да ја сведат на пристојна. Навистина ги добија и двете четвртини, но остана впечатокот дека Пелистер и без помошта на Хотон, и вистинска распределба на минутите на долгиот ростер, е подготвен за она трето ниво на натпреварите – доигрувањето за шампионската титула.

По 26 одиграни натпревари, битолчани се на скор 23-3, Еуро Никел 2005 пак го запиша 10 пораз.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

СУПЕРЛИГА – РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Пелистер – Еуро Никел 2005 100:83

18.00 часот: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар

19.00 часот: ТФТ – Феникс 2010

ТАБЕЛА: Пелистер 23-3, МЗТ Скопје Аеродром 21-4, Еуро Никел 2005 16-10, Гостивар 14-11, ТФТ 14-11, Феникс 2010 13-12.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Почнаа речиси едномесечни маневри на НАТО за подобрување на безбедноста на источното крило

Следно

Жиговина или инфаркт? Еве како болката во стомакот може да открие дека ви се заканува срцев удар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian