Пандемијата на ковид-19 длабоко влијаеше на менталното здравје на децата и адолесцентите

2 mins read

Фактори кои влијаат се затворањето на училиштата и здравствените искуства поврзани со ковид-19 во семејството или заедницата

Пандемијата на ковид-19 длабоко влијаеше на менталното здравје на децата и адолесцентите, заклучија истражувачи врз основа на анализа на резултати од претходни 17 научни студии.

Студиите објавени во 2020 и 2021 година открија невообичаено високи стапки на анксиозност, депресија, нарушувања на спиењето, самоубиствено однесување, нарушувања поврзани со стрес, нарушување на хиперактивност со дефицит на внимание и други проблеми со менталното здравје кај децата и адолесцентите за време на пандемијата.

Овие студии покажаа дека индивидуалните хобија, молитви и слушањето музика се поврзани со позитивни ефекти врз менталното здравје на младите.

Дерматолог ги сподели најголемите грешки кои ги правиме во април и во мај

„Проблемите со менталното здравје беа почести кај оние со низок социо-економски статус, со исчезнати социјални врски и децата без поддршка, кои живеат во лоши семејни односи и со ограничена подвижност“, рече д-р М. Махбуб Хосеин од Универзитетот во Тексас кој е коавтор на извештајот објавен оваа недела на веб-страницата „medRxiv„ пред научниот преглед..

„Фактори кои влијаат на појавата на овие проблеми беа, меѓу другото, затворањето на училиштата и „здравствените искуства поврзани со ковид-19 во семејството или заедницата“.

„На многу места, поддршката за ментално здравје во училиштата и заедницата и другите услуги за ментално здравје станаа недостапни или непостоечки, што им отежнува на децата и адолесцентите да добијат навремена поддршка за ментално здравје“, рече Хосеин.

Фото: Profimedia

Тој додаде дека има потреба од „мултидисциплинарни напори за ублажување на непосредните и идните здравствени и социјални последици“ од пандемијата врз менталното здравје на децата и тинејџерите.

Повеќе од половина од светот страда од ова нарушување, покажа анализата на бројни студии

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Првомајски синдикален протест, се бара зголемување на платите

Следно

Сите верски заедници денес со заедничка молитва за мир во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian