ФОТО | Сите жени полудеа по него кога се натпреваруваше на Евровизија: Како денес изгледа згодниот Грк?

3 mins read

Сакис Рувас настапи на Изборот за песна на Евровизија во 2004 година со песната „Shake It“, предизвикувачка изведба и песна која лесно се слушаше. Но, најмногу со својот изглед, пејачот го привлече вниманието на светската јавност.

Фото: Профимедиа

Во 2009 година повторно ја претставуваше Грција во Москва со песната „This is our night“, но не го повтори претходниот успех – ниту по пласман, ниту по впечаток, иако и двата пати џокерот од ракавот му беше белата боја на облеката, што нему и на неговото исончано тело одлично му прилегаше. Сепак, тој во меѓувреме направи многу хитови, кои беа преснимени од некои регионални изведувачи, но она што многумина ги фасцинира е фактот што нему годините, очигледно, не му можат ништо со оглед на тоа што мошне малку се променил во однос на периодот од пред 18 години кога сите си ја пеевме во глава „Shake, shake, shake it mi amor“.

Фото: Инстаграм

Грчкиот пејач Сакис Рувас (50) стана популарен благодарение на неговиот настап во 2004 година со песната „Shake It“. Тој го освои третото место на Евровизија во Истанбул, додека Украинката Руслана победи со хитот „Wild Dances“, а српскиот претставник Жељко Јоксимовиќ беше втор со евергринот „Лане моје“.

Згодниот Грк со својата секси изведба ги полуде жените ширум светот, а успехот продолжи и по Евровизија. Тој беше во жирито на грчката верзија на „Икс фактор“, имаше бројни концерти надвор од својата земја, одигра неколку улоги, а во 2006 година беше домаќин на овој најпрестижен европски музички натпревар што се одржа во Атина таа година, по победата на Елена Папаризу со песна „My number one“.

Се нашол и во претприемничките води и отворил суши ресторан, како и популарен клуб кој, за жал, изгорел во март 2010 година.

За Сакис со години се зборува дека е хомосексуалец, а гласините не престанаа ниту кога во 2017 година по 13 години врска се ожени со манекенката Катја Зигоули (43).

Сопружниците добија четири деца, ќерката Ариадна (9) и Анастасија (13), како и синовите Аполонас (6) и Александрос (10).

Пејачот никогаш не ги коментираше гласините за својата сексуална ориентација, а во грчката јавност кружеше информација дека еднаш бил фатен за време на геј оргии на брод каде користеле и разни супстанции.

Рувас ја изрази својата поддршка за ЛГБТ заедницата и ја поддржа можноста геј паровите да можат да посвојуваат деца.

Инаку, многумина истакнуваат дека Сакис со годините изгледа сѐ подобро и дека не се променил многу од својот настап на Евровизија во 2004 година.

На Инстаграм го следат повеќе од 940.000 луѓе кои го опсипуваат со комплименти за неговиот изглед.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бањаја најдобар на трката за Големата награда на Шпанија

Следно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА : Утре облачно и посвежо време со врнежи од дожд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian