ФОТО | Се сврши Марија Груевска, пејачката со најинтересните настапи

2 mins read

Македонската пејачка Марија Груевска го привлече вниманието кон себе со своите необични изведби во натпреварот „Ѕвездите на Гранд“, од кои највпечатлив беше кога на сцената се појави со змија околу вратот.  

Марија со причина ја носеше титулата – најестравагантна учесничка.

Марија овој пат има друга причина за славење и радување. Имено, пејачката се сврши со своето момче Синиша Стојаноски.

Марија на својот фејсбук-профил ја објави првата фотографија од свршувачката со Синиша. Под фотографијата се редат бројни коментари со честитки и убави желби од колегите и обожавателите на пејачката.

Инаку, битолчанката Марија со смелите комбинации и до детаљ осмислените настапи, не престануваше да ги изненадува и гледачите и жирито. Ги шокираше сите кога на сцената се појави со змија, а со последниот настап ги надмина сите очекувања откако се појави со сценски перформанс за песната „Данас сам луда“. Имено таа беше облечена во лудачка кошула, врзана и на сцена ја изнесоа двајца помошници од продукцијата, кои потоа ѝ помогнаа да „замине“ од сцената.

Публиката со нетрпение го очекуваше секој нејзин следен настап за да види што подготвила.

Ако треба ќе се соблечам и гола за уметноста! Марија Груевска е подготвена да направи сѐ за својата кариера

ФОТО | Марија Груевска: Паниката која минатата недела се создаде на „Ѕвездите на Гранд“ има цена – 150 евра!

ВИДЕО: Марија од Битола со досега невиден настап – по змијата, на сцена излезе во лудачка кошула

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Побрз и од Болт, Најтон стана четвртиот најбрз човек на 200 метри

Следно

КСС: Ќе ги почитуваме работодавачите и политичките елити колку што тие го почитуваат работникот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian