ФОТО | Која е убавицата која и покрај сѐ остана со Бекер: Татко ѝ е министер, а во затвор го испрати со бакнеж

3 mins read

Девојката на поранешниот најдобар тенисер на светот Борис Бекер, 20 години помладата убавица Лилијан де Карваљо Монтеиро, верно стои покрај својот партнер и покрај неволјите и скандалите што го следат.

Лилијан и Борис Бекер ја започнаа својата врска во 2020 година, откако Борис се разведе од тогашната сопруга Лили по девет години брак.

Оваа африканска убавица одлучила да го следи Бекер на секој чекор и да застане на негова страна, а покрај него застана и на неодамнешното судење на кое беше осуден на две и пол години затвор поради затајување на долг.

Фото: Профимедиа

Додека го приведуваа во ќелијата, Лилијан му прати бакнеж по тешкото збогување, а на оваа млада жена очигледно не ѝ пречат ниту претходните афери ниту бурниот живот на Бекер.

Лилијан е родена во малата африканска држава Сент Томас и Принцип, која се состои од два острова, а нејзиниот татко е тамошен поранешен министер за одбрана, кој исто така се кандидираше и за претседател во 2014 година.

Карваљо знае дури пет странски јазици и има три дипломи, а на 25-годишна возраст во Лондон станала магистер на Универзитетот во Лондон во областа на ориенталните и африканските студии.

Пред Лондон, Лилијан студирала и во Рим, каде прво посетувала приватно училиште, а потоа и на Универзитетот Ла Сапиенца.

Фото: Профимедиа

Како што пишува „Дејли мејл“, таа го запознала Бекер во 40-тите, а за нивната врска почнала да се зборува во 2020 година. Една година подоцна, парот е виден на плажите во Дубаи, а потоа и на романтичен одмор на Ибица.

Од 2021 година, парот присуствуваше на многу празнични настани заедно, а заедно сакаат да ги посетуваат и тениските турнири на Вимблдон, каде Бекер помина успешен дел од својот живот.

Фото: Профимедиа

Пред Лилијан, Бекер имаше два пропаднати брака, но и многу љубовни врски, а животот му тргна надолу поради алкохолот и бунтовништвото.

Неодамна беше осуден на затворска казна поради неплаќање долг и криење на својот имот и скапоцени предмети.

Инаку, Борис Бекер три години му беше главен тренер на српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ.

Легендарниот тенисер Борис Бекер осуден на 2,5 години затвор!

Зачната била на скали и татко ѝ не сакал да ја признае, а сега е успешна манекенка! (ФОТО)

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Познати се сите учесници во ЛШ од италијанската Серија А

Следно

„Бутел“ најдобар македонски теквондо клуб на меѓународниот турнир во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian