Давидовски со дијамантски трофеј ја започна сезоната во ТЦР Европа

1 min read

Виктор Давидовски успеа да освои бодови и воедно се закити со трофејот во „Diamond Cup“ на стартот од сезоната во ТЦР Европа.

На патеката Алгарве (Португалија) македонскиот возач, како дел од „Comtoyou Racing Теам“ го освои 13 место на првата трка.

Неговиот клупски колега, актуелниот вицешампион Франко Џиролами од Аргентина дојде до петтата позиција.

Во конкуренција на 20 возачи Давидовски дојде до првите пет бодови сезонава.

Исто така дојде до дијамантскиот трофеј кој се доделува за возачите над 40 години.

Денеска се вози втората трка во Португалија со почеток од 15.10 часот, а Давидовски ќе стартува од 16 место.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

За Грција и Бугарија не ви треба ковид сертификат за влез, од денес укинати повеќето мерки

Следно

Денеска се прави скара: Пет фантастични маринади за вкусно и сочно месо

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian